
(видео) Двајца загинати во прославата на Франција
Двајца навивачи на Франција загинаа вчера вечер додека го славеле освојувањето на светската титула против Хрватска.
Во градот Анеси, навивач одлучи да ја прослави титулата со скокање во канал, но за жал, неговиот обид за нуркање заврши фатално. Тој го скршил вратот и починал на самото место. Во исто време, во Сен-Феликс, друг француски навивач удрил со својот автомобил во дрво и го загубил животот.
Трговскиот центар на булеварот Елисејските полиња беше демолиран од десетици лица маскирани со качулки, кои краделе вино и други производи.
Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера упорните разбојници.
Најмалку 4.000 полицајци биле распоредени во Париз како засилување на редовните полициски сили, а над 500 демонстранти биле уапсени.
Во западните и централните делови на Париз до утрово до 4 чесот во сила беше забрана за движење со автомобили.
Француската полиција соопшти и дека низ цела Франција во текот на ноќта меѓу петокот и саботата биле опожарени близу 900 автомобили. Во саботата Франција го одбележуваше националниот празник – Денот на падот на Бастиља.