
Двајца загинати и 30-на повредени откако воз излета од шини во северна Италија
Најмалку две лица ги загубија животите откако од шини излета брз воз во близина на градот Лоди во северна Италија.
Железничката несреќа се случи околу 5:35 утрото по локално време. Најмалку 30 луѓе се повредени во превртените два вагона. Возот сообраќал на линија Милано-Рим.
Според италијански медиуми, загинале двајцата машиновозачи.