Двајца поранешни премиери и поранешни министри вмешани во скандалот „Новартис“ во Грција

Десет  политичари од Грција, кои во периодот  2006-2015  биле на функција, меѓу кои двајца поранешни премиери и осум поранешни министри се вмешани во случајот со фармацевтската компанија Новартис. Истрагата за швајцарската компанија е во тек од декември 2016.

Откако било откриено дека има вмешаност на политички лица, обвинителите за борба со корупција, предметот го доставиле до Министерството за правда, а од таму, во текот на денешниот ден,  ќе стигне до грчкиот парламент, согласно со законот за одговорност на министри, за да се формира комисија што ќе го разгледа случајот. Доколку се потврди вмешаност, политичарите ќе одговараат за поткуп и проневера.

Грчките медиуми веќе ги објавија имињата на вмешаните политичари: поранешниот премиер Андонис Самарас, поранешниот службен премиер Панајотис Пикраменос, поранешните министри за здравство, финансии и развој, од редовите на Нова демократија и ПАСОК, мѓу кои  Димитрис Аврамопулос, Евангелос Венизелос….

Речиси сите политичари чии имиња беа објавени во медиумите за случајот Новартис, експресно реагираа со демант и отфрлање на каква било евентуална нивна вмешаност во скандалот.

Од фармацевтската компанија, преку соопштение велат дека соработуваат со надлежните власти во Грција.

За целиот случај, во премиерската палата синоќа се одржал вонреден состанок на кој присуствуваа министерот и алтернативниот министер за правда на Грција. Двајцата министри изјавиле дека станува збор за голем скандал.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ