Дваесетмина повредени во голема експлозија во Париз

Најмалку 20 лица се повредени во голема експлозија која се случила во пекарница во Париз.

Според првичните информации од локалните власти најверојатно причина за експлозијата е протекување на гас. Француската престолнина речоси два месеци е зафатена од масовни и насилни протести од Жолтите елеци, но полицијата отфрли поврзаност на протестите со експлозијата.

Непосредно пред експлозијата пожарникарите примиле повик за протекување на гас во зградата и во моментот на експлозијата противпожарни екипи веќе биле во зградата. Француските медиуми пренесуваат дека поголемиот дел од повредените се пожарникари, кои се обидувале да ја евакуираат зградата.

Покрај пекарницата, во експлозијата оштетени се и десетици автомобили како и дел од околните згради и излози.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ