
Дваесетина повредени во протестите во Барселона
Над 20 лица се повредени во синоќешните протести во Барселона, предизвикан од одлуката на шпанскиот Врховен суд да издаде меѓународни потерници за Карлес Пуџдемон и уште петмина приврзаници за независност на Каталонија.
Во налогот на судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Демонстрантите побарале и ослободување на притворените политичари на Каталонија. Според полицијата во Барселона, на протестот учествувале повеќе од 10 000 лица.