Државен удар во Венецуела- САД и ЕУ внимателно ги следат случувањата

Државен удар во Венецуела – Опозицијата објави дека има поддршка од „храбрите војници“ во Каракас, а владата на Мадуро информира дека се справува со мала група „воени одметници“.

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го подржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Гуаидо на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи. Тој изјави дека бил во воздушната база Каракас ла Карлота.

– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука, и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече Гуаидо.

Со него е и опозицискиот лидер Леополд Лопез, кој денеска е ослободен од куќен притвор, откако беше прогласен за виновен за поттикнување на насилство за време на антивладините протести во 2014 година. Лопез во својот прв јавен настап повика на обединување на армијата и жителите на Венцуела. Рече дека го ослободиле припадниците на војската кои застанале на страната на Гуаидо.

  • Кога е потпишано помилувањето, помилувањето е потпишано денеска и денеска в зори воените сили ме ослободија. За внатрешност на земјата би им кажал на Венецуелците дека треба да излезат на улица. Добивме информации дека војници од различни воени единици, и мажи и жени во униформи се свесни дека мора да дојде до промена на власта на Венецуела и сите нив ги повикуваме да се вклучат во овој процес на обединување на вооружените сили со жителите на Венецуела. Ви благодарам, изјави Леополд Лопез, лидер на опозицијата.

Војската досега го поддруваше Николас Мадуро и одбиваше да го поддржи Гуаидо. Венецуелскиот министер за информирање Жирз Родригез за случувањата се огласи на Твитер напиша дека влдата се справува со мала група на „воени предавници“, кои според неговите зборови, спроведуваат државен удар.

И вниманието на Брисел е насочено кон Каракас, оттаму бараат мирно решение.

  • Имајќи в предвид дека информациите за развојот на случувањата се уште доаѓаат, навистина не би дала никаков коментар, но би ја повторила нашата позиција дека поддржуваме политичко и мирно решение на кризата во Венезуела, преку слободни и фер избори. Долгогодишен став на ЕУ со кој сте добро запознати. Во моментов ги следиме го следиме развојот на ситуацијата на терен и ако биде потребно било што конкретно да кажеме, ние сме тука, рече Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕУ.

Претседателот на собранието и лидер на опозицијата Хуан Гуаидо ја повика војската да му даде поддршка уште во јануари кога тој се прогласи за привремен претседател. Тој тврди дека Никола Мадуро е „узурпатор“ кој е избран на лажирани избори.

Прв поддршка за Гуаидо изрази американскиот сенатор Марко Рубио, кој на Твитер ја повика војската да му даде поддршка на претседателот на собранието.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ