
Драматично во Бразил -над 1 милион случаи и речиси 50 000 мртви од Ковид -19
Бразил е втората држава во светот која потврди повеќе од 1 милион случаи Ковид-19, додека болеста продолжува незапирливо да се шири.
Министерството за здравство исто така објави и рекорден број на нови случаи во последните 24 часа – повеќе од 54 000.
Освен тоа, четврти ден по ред, во Бразил има повеќе од 1200 смртни случаи, со што бројот на жртвите на коронавирусот се искачи над 49 000.
Недостатокот на тестовите сугерира дека вистинскиот број за заразени е многу поголем а медицинските експерти предупредуваат дека врвот на пандемијата во Бразил нема да биде достигнат уште неколку недели.
Само САД имаат повеќе потврдени случаи корона вирус од Бразил, каде претседателот на државата, крајниот десничар, Жаир Болсонаро, е жестоко критикуван заради однос и одговорот на здравствената криза.
Претседателот покажува недостаток на посветеност во борба против вирусот. Тој се движеше насекаде без маска, се ракуваше со луѓето и се движеше меѓу толпата. Сметам дека тој е главниот виновник за оваа ситуација, вели локалниот жител Андре Прода.
Се чувствувам лошо, како Бразилка се чувствувам лошо и ние не би требало да достигнеме вакви бројки на смртни и позитивни случаи. Ако тие сакаа, ќе го избегнеа ова, но никому не му е гајле, тврди Линдалва Виеира
Изговорот на Болсонаро е дека економските последици на мерките кои на рестрикци ќе бидат многу потешки од самиот вирус. Тој постојано влегува во конфликт со гувернерите на државите и градоначалниците кои усвојуваат остри рестрикции во обид да го спречат ширењето на пандемијата.
Заради неговиот пристап кон корона вирусот, досега оставки поднесоа и двајца министри за здравство.
Јужна Америка генерално е во моментов исклучително големо жариште на пандемијата. Сериозни епидемии има во повеќе држави, вклучувајќи ги Чиле и Перу, додека Мексико синоќа стана и 7-та држава во светот која надмина над 20 000 смртни случаи.
Загрижувачките податоци од Бразил и целиот континент се објавени неколку часа откако светскаат здравствена организација предупреди дека пандемијата влегува во нова и опасна фаза, при што генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом, предупреди дека бројот на позитивните случаи е последица на фактот дека голем број луѓе се веќе заморени од острите мерки на карантинот додека владите се обидуваат да ги рестартираат економиите.
Никола Илиевски