Досега осум жртви од лавина во Австрија

Досега осум жртви од лавина во Австрија, nад илјада лица се заробени поради обилните снежни врнежи, кои не престануваат, a многумина се целосно отсечени од остатокот на земјата.

Вчера попладне загина 16-годишен тинејџер во Санкт Антон ам Арлберг, продолжува потрагата во исчезнати во општината Лиленфелд.

За кризни зони се проглаени повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска кои се отсечени од остатокот на Австрија.

Воени хеликоптери интервенираат на овие места за да ги снабдат жителите со храна, а повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места.

Во четири покраини нивото за опасност од лавини е дигнато на петто ниво.

Австриските власти стравуваат да не се повтори драмата од пред 20 години, кога лавина ја погоди општината Гачтир и усмрти 38 лица, а повреди 50.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ