Досега најдраматичен момент во политичката криза во Венецуела- ЕУ – ОН се загрижени

Истрели, солзавец и чадни бомби во близина воената база во Каракас. Тензиите растат во Венецела откако самопрогласениот преоден претседател Хуан Гуаидо објави дека дел од војската му се прикониле и го ослободиле опозициониот лидер Леополд Лопез. Во триесет минутно обраќање опкружен со наоружани војници Гуаидо рече дека ја започнал „завршната фаза“ го повика народот и армијата да и стават крај на „узурпацијата на Мадуро“. Подоцна на улиците на Каракас повторно со повик за обединување на народот со армијата.

  • Знаеме дека сите Венецуелци, вклучувајќи ги и вооружените сили, се во согласност со Уставот. Што прават војниците денес, не само во Каракас, туку и целата нација да биде на страната на Уставот. Мадуро во Мирафлорес е оној што го претставува државниот удар и узурпацијата на функциите, рече Гуаидо.

Демонстранти од двете спротивставени страни се собраа на различни места во Каракас. Поддржувачите на Гуаидо се судрија со вооружените воени возила. Демонстрантите фрлаа камења и предмети врз војската но беа спречени со солзавец и водени топови. Се уште нема информации за повредени луѓе. Медиумите јавуваат ова е најжестоката епизода на политичката криза во Венецуела досега.

Социјалистичката влада на претседателот Николас Мадуро, која соопшти дека мала група „воени одметници“ поддржани од десничарските противници се обидуваат да извршат воен удар. На твитер Мадуро го повикува народот „да остане во состојба на максимален аларм“ и порача: „Ние ќе победиме“.

Но од денеска со Гуаидо е и опозициониот лидер Леополд Лопез кој по четири години во притвор повика на обединување на армијата и жителите на Венцуела.

  • За внатрешност на земјата би им кажал на Венецуелците дека треба да излезат на улица. Добивме информации дека војници од различни воени единици, и мажи и жени во униформи се свесни дека мора да дојде до промена на власта на Венецуела и сите нив ги повикуваме да се вклучат во овој процес на обединување на вооружените сили со жителите на Венецуела. Ви благодарам, рече Леополдо Лопез, лидер на опозицијата.

Војската досега го поддржуваше Николас Мадуро и одбиваше да го поддржи Гуаидо. И вниманието на ЕУ и ОН насочено кон Каракас, оттаму бараат мирно решение.

  • Генералниот секретар со загриженост ги следи најновите случувања во Венециела. Ситуацијата се одвива додека зборуваме. Ние исто така – Обединетите народи – допираме до страните. Генералниот секретар ги повика сите страни на воздржаност и ги повика сите чинители да избегнуваат било какво насилство и да преземат итни мерки за враѓање на мирот, истакна Дујарич.

Настаните во Венецуела се неизвесни и нејасни, велат аналитичарите Гуаидо навидум се коцкаше во својата најнова понуда за моќ. Лојалноста на војската на режимот на претседателот Николас Мадуро беше главниот фактор којшто него го задржа на власт. Заради фундаментална промена во нивната верност или, во најмала рака, значајно поделба во нивните редови, никаков дипломатски притосок од надвор нема да го турне Мадуро од власт.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ