Доналд Туск добил „ветувачки сигнали“ од ирскиот премиер Варадкар – договорот за Брексит е сè уште можен

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, рече дека добил „ветувачки сигнали“ од ирскиот премиер Лео Варадкар дека договорот за Брексит е сè уште можен.

Неговите коментари дојдоа откако секретарот на Брезит, Стив Баркли и главниот преговарач за ЕУ, Мишел Барниер ги продолжија разговорите во Брисел, по состанокот на Варадкар и Борис Џонсон во четвртокот.

Двете страни ја нарекоа дискусијата  „многу позитивна“.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во 23:00 часот по Гринич на 31 октомври.

Ова се смета за последна шанса Велика Британија и ЕУ да договорат договор пред крајниот рок за Брекзит.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ