
Докторите прават се’ за да не ги користат респираторите кај пациентите со корона вирус
Се повеќе доктори во светот се обидуваат да не ги користат респираторите кај пациентите со корона вирус. Механичките вентилатори всушност го пренесуваат кислородот под висок притисок во белите дробови, кои не функционираат, и затоа истите не можат да го издржат притисокот.
За да се користат овие машини, пацинтите треба да се седатирани, со цел да се направи интубација во грлото. Затоа, смртта кај овие пациенти е честа, околу 40 до 50%. Но, смртта кај пациентите заболени од корона вирусот, кои биле поставени на механичка вентилација во Њујорк е 80%.
Вентилаторите не се само погрешено решение, туку и интубацијата која се извршува под висок притисок, и која може да направи повеќе штета отколку полза. Да не ги спомнуваме компликациите од лузните на тракиите и чиревите кои често се појавуваат поради долготрајната процедура на интубација, велат експертите, поради што апелираат на воспоставување нов протокол на лечење.
Опасноста може да се намали со ограничена количина на притисок, како и величината на вдишувањата кои машината ги пренесува, велат докторите. Сепак, порачуваат дека ќе сторат се што можат да не ги приклучуваат пациентите на механичка вентилација, и наместо тоа се обидуваат со поинакви техники. На пример, една од нив, е да ги легант пациентите во различни позиции, вклучувајќи и на стомак, со цел во разни делови на белите дробови да се добие повеќе воздух. Друга техника е давање на пациентите повеќе кислород низ цевка во нос или други апарати. Некои лекари експериментираат со ддавање на азотен оксид во мешавина за да се подобри протокот на крв и кислород во најмалку оштетените делови од белите дробови.
Експертите велат дека пациентите со бактериска пневмонија, на пример, можат да се на механичка вентилација не повеќе од ден до два. Но, за пацинетите со корона вирус е вообичаено по седум, 10, па и 15 дена, поради што тие потоа умираат.