
Дијалогот Белград – Приштина во Брисел, одложен за Њујорк
И понатаму има тешкотии. Следниот состанок ќе биде пред седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Ова го соопшти високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини по неколку картните рунди одвоени средби со српскиот и косовскиот претседател Вучиќ и Тачи. Два часа траеше нејзиниот состанокот со српскиот претседател, кој денеска одби да разговара со Хашим Тачи, а во прашање е доведено и продолжувањето на разговорите со Приштина. Причината за прекин на разговорите, според директор на српската Канцеларија на Косово, се лагите, измамите и одвратниот пристап на косовските власти кон Србите.
„Прашање е како и кога дали со овие или со некои луѓе во иднина, кои ќе бидат поразумни ќе можеме да ги продолжиме овие разговори кои се од предходно започнати“, рече Ѓуриќ.
Косовскиот претседател Тачи се огласи на ФБ, тој напиша: овој пат ќе биде тежок но ќе мора да се изоди за да се обезбеди долгорочен мир во Западен Балкан.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вчера истакна дека Вучиќ е соочен е со опструкции и отворени закани. Тој прстот го впери во одредени земји-членки на Советот за безбедност на ОН кои им даваат поддршка на властите на Косово.
„Отворено можам да кажам дека во тоа учествуваат претставници на некои земји членки и тоа многу влијателни во Советот за безбедност на ОН, а не се САД, Русија, Франција, ниту Германија. Очигледно станува збор за координирана акција која ги охрабрува сите кои се на КиМ против постигнување на мировен договор. Важно луѓето во меѓународната заедница да видат со какви лудаци си имаме работа“, рече Дачиќ.
Посетата на претсетаелот на Србија, претходно најавена за утре и задутре, ненајдено беше доведена во прашање по информациите дека Приштина има намера да го спречи да ја посети Газивода.
Тањуг јавува дека Вучиќ и наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и кои било албански и меѓународни претставници кои се активни на територијата на Косово, по повод неговата посета.
Билјана Ставрова