Џорџ Флојд бил позитивен на корона вирус, но починал од срцев удар

Афроамериканецот Џорџ Флојд починал од срцев застој предизвикан од задушување од постојан притисок, се вели во извештајот на втората приватна обдукција на Флојд, која ја финансираше неговото семејство. Во заклучокот се наведува дека вратот на Флојд бил притискан цели осум минути од страна на обвинетиот полицаец Дерек Шовин. Но, носниот брис на убиениот покажува дека бил позитивен за РНК од 2019-та година, со што е само поинаков термин за типот на коронавирусот што предизвикува Ковид -19.

Според патологот, типот на тест направен за обдукција, наречен ПЦР, може да покаже позитивен резултат и со недели од почетокот и завршувањето на клиничката болест. „Флојд бил асимптопамтичен, но со постојана позитивност на ПЦР од претходна инфекција – што значи дека вирусот немал позната улога во неговата смрт и тој веројатно немал да биде заразен.

Полицаецот, пак, кој го стискаше Флојд со колено до смрт од синоќа е се товари за убиство од втор степен, а остантите тројца негови колеги за помагачи, на што бурно реагираа граѓаните кои со денови протеситраат. Се бара правда, но и крај за расната нееднаквост.

  • Денеска сум тука да кажам дека единственото решение за расната нееднаквост е репарацијата. Белите луѓе мора да се откажат од моќта која ја поседуваат. Сите го знаеме тоа, сите знаеме дека решението е скапо, но тоа е голема пилула за голтање.

По, синоќешниот судир со полицијата 90 лица се уапсени само во Њујорк. Но, во споредба со 700-тините апсења во понеделникот, ова е најмал број, откако почнаа протестите. Полицискиот час кој веќе втор ден е воведен во Големото Јаболко по се изгледа успева, бидејќи Менхетен синоќа беше мирен. Ситуацијата навидум е смирена, но се уште не е под контрола.

И оваа вечер не изостана сликите од грабежи и пожари низ поголемите градови во САД, а едно од видеата се гледа ограбувањето на модниот бренд „долче и габана“.  По зголемените тензии пред Белата Куќа, министерот за одбрана Марк Еспер ја поништи претходната одлука дека ја повекува војската од улиците.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ