Џонсон го загуби мнозинството во Парламентот

Жестока дебата се води во британскиот парламент. Притисокот врз Борис Џонсон е се поголем, откако за време на неговиот говор во Парламентот, сопартиецот Филип Ли стана од клупата каде што седат Ториевците и седна на страната на опозициските Либерал-демократи. Со ова, владата го загуби работното мнозинството, од 12 пратеници, во еден од најкритичните моменти за владеењето на Конзервативната партија.

Оваа конзервативна влада агресивно воведува штетен Брегзит на непринципиелни начини, напиша Филип Ли во оставката до Џонсон. Ли ја обвинува Владата на Џонсон за „користење политичка манипулација, малтретирање и лаги, кои намерно ги прави.

Доктор Филип Ли не се исплаши од заканите на Џонсон, дека следниот пат нема да може да се кандидира за пратеник од конзервативците, ако продолжи тој и уште неколку ториевци да се бунтуваат и заедно со опозициските Лабуристи утре ќе бараат да се активира одредбата 24, одредба со која се носи итен закон кој ќе го принуди Џонсон да побара одложување на излегувањето од унијата до 31 јануари 2020 година. Џонсон одбива да го моли Брисел.

  • Треба да ме присили да одам во Брисел и да молам одложување, и да ги прифатам понудените услови. А тоа ќе ја уништи секоја шанса за преговарање и за нов договор, ќе уништи. Ќе им овозможи на пријателите од Брисел да ги диктираат условите за преговарање. Тоа е…ако некој сака да го уништи овој договор, господине спикер, тоа е предавничкиот закон на Џереми Корбин, рече Џонсон.
  • По овие состаноци, премиерот пренесе оптимистична порака, изјавувајќи дека шансите за договор, според негови збори, се подобруваат. Но оптимизмот не го делат оние кои биле на истиот состанок. Премиерот може да тврди дека направен е прогрес, но ЕУ лидерите рекоа дека владата досега не успеа да презентира нови предлози, возврати Корбин.

Корбин побара Џонсон да ги презентира тие наводни предлози, со цел јавноста да ги види. Корбин рече дека Велика Британија не е во војна со ЕУ, но сега владата нема мандат, нема задолженија, и од денеска нема мнозинство за работа.

Во меѓувреме, од Брисел денеска го направија последниот повик до останатите 27 земји членки да се подготват за брегзит без договор – сценарио кое не го посакуваат.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ