
Девојче загина при уривање на мост во Франција
Петнаесетгодишно девојче загина при уривање на висечки мост над реката Тарн во јужна Франција.
Властите не се сигурни колку возила имало на мостот во моментот на уривање, но се претпоставува дека имало најмалку една кола, комбе и камион.
Досега се спасени 4 лица но потрагата продолжува долж течението на Тарн. Мостот кој се наоѓа покрај селото Миро-сур-Тарн во близина на Тулуз бил долг 155 метри и широк речиси 7 метри и бил реновиран во 2003-та година.