Деветата уметност – стрипот се враќа на голема врата

Стрипот – деветата уметност се враќа на голема врата. Филмската индустрија и приказните за супер хероите во моментов заработуваат вртоглави суми на светските кино билетарници, велат познавачите на стрип културата. 2020 -та година Франција ја прогласи за Година на стрипот. Француско-белгиската стрип школа има долга традиција, љубовта кон стрипот е нешто на кое се посветува многу внимание уште во најрана возраст.

  • Веќе неколку години има посебен интерес за стрипот насочен кон деца и тоа се првите контакти кои децата ги имаат со книгата. Тоа е многу важно затоа што истите тие контакти ќе ги имаат во сиот свој живот, вели Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје.

Стрип јунаците на филмското платно ја одиграа клучната улога кај најмладите да го засакаат стрипот, но и можност за возрасните да се навратат на своите омилени јунаци.

  • Во овој миг има една возобнова на интересот кон стрипот во Франција. Во последниве неколку години од различни причини, врзано за видео игрите и филмовите. Улоги кои привлекуваат се повеќе млади луѓе, вели Бруно Асанте ди Капило, аниматор.

И додека делата на стрип авторите се продаваат во милионски тиражи и конкурираат за најпрестижните награди со другите уметнички дисциплини, ситуацијата кај нас е различна и за тоа има неколку причини, вели Владо Битољану сопственик на единствената стрип книжарница кај нас „Бункер“.

  • Пред се тиражите се маргинални кај нас. Малите тиражи автоматски носат големи трошоци за печатење и тука сте во некаков затворен круг. Тешко е да се опстојува самостојно. Заради тоа е неопходно да се инволвира и надворешниот фактор доколку сакаме да ја задржиме оваа уметност присутна кај нас, вели Владо Битољану, стрип книжарница „Бункер“

Глобалната популарност на стрип јунаците на филмското платно и во видео игрите ја зголеми продажбата на стриповите во светски рамки и во едно влијаеше на цената на ретките изданија. За жал кај нас е потребна добро смислена стратегија која би ја разбудила љубовта кај најмладите за стрип уметноста  на која би и се навраќале во текот на целиот живот, смета Битољану.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ