
Десетта недела протести во Хонг Конг
Хонг Конг е заробен од секојдневните ескалирачки протести во последните два месеца. Демонстрантите и полицијата се вртат во магичен круг. Колку што станува движењето помасовно, толку полицијата се посилно удира со пендреците. Солзавецот е единствениот начин да се смират разгневените, се правдаат од полицијата, која е обвинета за насилие.
- Сите се соочуваме со неверојатен притисок, долги работни часови, и други услови за работа, соочувајќи се со насилните демонстранти, понекогаш не можете да одредите дали се мирни или насилни.
Денеска се придружија и наставниците. Со транспаренти „заштитете ја следната генерација“, велат дека ги поддржуваат студентите кои некогаш седеле во нивните клупи.
- Треба да ги поддржиме помладите од нас, дури и наставниците. Сите се наши ученици. Нивните верувања се добри“.
Наставниците велат дека сакаат да ги заштитат своите ученици кои веќе десетта недела се на улиците, и да им кажат дека не се сами.
- Бидејќи учителите се и граѓани, тие се исто така загрижени за развојот на целата камања, и имаме и друга улога – сакаме да ги заштитиме нашите студенти, нашата младина. Затоа наставниците сакаат да излезат и да зборуваат за својата младина, и да застанат зад нив, за да не бидат сами.
Протестот најпрво почна поради предлог законот со кој требаше да им се овозможи на осомничените лица да бидат екстрадирани во Кина – закон, кој според јавноста тој е закана за слободите на Хонг Конг, кои на градот му беа гарантирани од официјален Пекинг во наредните 50 години, од 1997-мата кога Велика Британија ја предаде оваа територија на Кина. Во меѓувреме, пекингшката влада го суспендираше законот, но тоа не ги задоволи демонстрантите и бараат оставка од премиерката Кери Лам.
Протестите станаа толку масовни, што Хонг Конг е на работ од издржливоста. А според властите радикализацијата на движењето покажува знаци на тероризам.
Кина, засега само набљудува. Ситуацијата ја споредија со „шарените револуции“ од 2000-те, кои ги уриваа владите на Советскиот сојуз и на Балканот. Шпекулациите дека е можно да ја испрати својата војска дополнително се подгреваат и со фактот што кинеските војници ги продолжуваат воените вежби во близина на границата. Прстот беше вперен и во Америка, дека игра главна улога во кризата. Но, официјален Вашингтон испрати остар демант – дека тие не се црната рака на протестите во Хонг Конг.
Алиса Шутиноска