Денеска почнува Економскиот форум во Давос

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува денеска и ќе трае до 24 јануари.

Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“.

На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ