Денеска ќе биде погребан афромаериканецот Џорџ Флојд

На дванаесетиот ден од масовните протести против расна дискриминација во САД ќе биде погребан Џорџ Флојд , 46 годишишниот Афроамериканец кој беше убиен од полицаец кој притискајќи го со  колено на вратот го задуши до смрт – а 8те минути во кои се бори и моли за возухд ги виде цел свет.

Комеморацијата ќе се одржи во Хјустон ,телото ќе биде изложено шест часа , по што ќе биде погребано. Претходно комеморативни служби за младиот Флојд беа одржани во Минеаполис, каде беше убиен. И во Редфорд, неговото родно место во Северна Каролина.

Во исто време, градските власти во Минеаополис одлучија да се расформира локалната полиција. Девет од 13-те локални советници најавија дека во градот, чија полиција беше обвинета за расизам, ќе биде создаден нов облик на јавна безбедност. Претседателката на Градскиот совет пак,  Лиза Бендер, за Си-Ен-Ен дека  парите  наменети за градската полиција ќе бидат дадени за проекти за локалното население.

А, градоначалникот Џејкоб Фреј, од редовите на Републикланците се спротистави на оваа одука.  По гласот против , демонстрантите се соочија се соочија со него на улица прашувајќи дали тој одобрува што полицијата демонстрира сила на невооружени граѓани.

 

 “Џејкоб Фреј, имаме да-или-не прашање за вас. Да или не? Дали ќе се посветите на неуспехот на полицијата во Минеаполис? Што реков? Не сакаме повеќе полиција. Дали е тоа јасно? Не сакаме луѓе со пиштоли  “

 Што рече? Гласно и јасно.

 

Флојд почина на 25 мај за време на апсење, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициската бруталност во САД и светот.

 

Теодора Цветковска 

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ