
Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот
Кина денешниот ден го прогласи за ден на жалост и со триминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите од новиот коронавирус. Државниот совет на Кина одлучи 4 април да го прогласи за Ден на национална жалост за жртвите кои починаа како последица на пандемијата на Ковид-19, и за здравствените работници, кои го жртвуваа својот живот за да ги спасат луѓето. Според одлуката, денеска во земјата сите знамиња се спуштени на половина копје, како и во кинеските амбасади и конзулати во странство. Откажани се сите јавни активности и настани.
Денот на жалост се совпадна со почетокот на годишниот празник познат како Ден на предците, кога милиони Кинези и оддаваат чест на починатите членови на своите семејства. Бројот на заразени лица со коронавирус во Кина од декември 2019 година досега изнесува 81.639, а починаа 3.326 луѓе