
Демонстранти во Хонг Конг ја запалија со молотови коктели зграда што требаше да биде карантин-зона
Демонстранти во Хонг Конг ја запалија со молотови коктели празната зграда што требаше да биде карантин-зона за потенцијални носители на коронавирусот.
Демонстрантите се спротивставуваат на плановите на владата за сместување на пациенти или медицински работници во населбата Фанлинг, бидејќи се наоѓа во близина на станбен реон.
„Овие акции за уривање се сериозна закана за безбедноста на граѓаните“, нагласи полицијата во соопштение.
Стотици жители на Хонг Конг блокираа улици што водат кон зградата протестирајќи против планот тој објект да биде претворена во карантин-зона.
Во Хонг Конг веќе има шест потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус.