Делови од урнатиот боинг пронајдени на дното на океанот

Националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија соопшти дека се пронајдени делови од опремата за слетување од авионот на компанијата Лајон ер што се урна во понеделникот во морето. Пронајдени се тркалата и голем дел од трупот.

Откривањето на овие делови се случува  еден ден откако иследниците ја пронајдоа црната кутија со податоците од летот на нискобуџетската компанија Лајонер, кој се урна на рутинскиот домашен лет. Сето ова треба да го даде заклучокот зошто се урна авионот боинг 737 произведен во 2018 година, при што загинаа 189 патници и екипажот.

Што точно се случувало во авионот за време на несреќата ќе се знае за две до три недели кога целосно ќе бидат проверени сите податоци од пронајдената црна кутија. Според првичните информации, пилотите биле професионални и до крај се бореле да ги спасат животите на патницте.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ