“Дека е киното во Штип” – иницијатива за отворање на градското кино

Сашко Потер Мицевски со креативно видео „Дека е киното во Штип“ покрена иницијатива за повторно отварање на градско кино.

Овој млад и креативен филмаџија смета дека младите автори немаат место каде да ги прикажуваат своите филмски остварувања, а помладите генерации за да ја доживеат магијата на филмското платно мора да патуваат до соседно Свети Николе или Скопје.

Филмскиот и телевизиски монтажер, кој сега работи на монтажа на серијата Преспав, а неговиот креативен печат  стои зад дизајнот на звук на 50 тина кратки филмови иницијативата ја почна деновиве. Нема штипјанец кој оваа иницијатива не ја прифати.

Видеото од иницијативата стана вирално, а доби поддршка од актери, културни работници, спортисти и од граѓаните. Мицевски деновиве разговарал и со штипскиот градоначалник, па сега се бара решение кој објект е најсоодветен за кино и која техника е најдобро да се инсталира.

Во моментов во опција се неколку објекти, меѓу кои и салата на Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“.

Штип нема кино  веќе 15 години, а во девесетите имаше две, од кои едно и летно.

Штипјани  првата кино проекција ја имале во 1909-та година, а иницијативата на Мицевски се совпаѓа и со 100 годишнината од отворањето на првата кино сала во тогашниот Гранд хотел, што почнала со работа на 15-ти јули 1920 година.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ