
Давос годинава без петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН
Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум, на кој за прв пат, нема да учествуваат шефовите на ниту една од петте постојани членки на советот за безбедност на Обединетите нации. Самитот се одржува во сенка на зголемена политичка тензија, помеѓу светските сили и трговски војни меѓу најголемите економии.
За организаторот и основач на форумиот, Клаус Шваб, Кина е лидер во технолошките иновации, но потребна е и глобална соработка за зајакнување на светската економија која забавено се опоравува од финансиската криза.