
Данило Брестовац: Натпреварот против Чешка е „мало финале“ за нас
Нашите репрезентативци во овие моменти се загреваат пред натпреварот со Чешка на теренот во Виена. За селекторот на Македонија, Данило Брестовац, овој натпревар е своевидно „мало финале“ бидејќи со победа обезбедуваме пласман во втората фаза од ЕУРО2020.
Од друга страна, за репрезентацијата на Чешка денешниот дуел е „да се биде или не“ затоа што тие го загубија првиот натпревар за нив на првенството против домаќинот Австрија. Со пораз, тие ќе имаат минимални шанси за пласман во следната фаза.