Дамаск негира дека поседува хемиско оружје

Сирискиот заменик-министер за внатрешни работи Фејсал Мекдад негираше дека Дамаск поседува хемиско оружје и додаде дека неговата употреба е „неморална и недопустлива независно од околностите“.

Мекдад реагираше на вчерашното соопштение на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предупреди дека Франција ќе почне напади во Сирија ако добие „проверени информации“ за користење на хемиско оружје од страна на Дамаск.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ