
Дали Рама и Харадинај договорија обединување на Албанците до 2025 година?
Насмевки, фотографирања и поддршка, вака помина заедничката седница меѓу коовската и албанската влада. Рама и Харадинај ставија потписи на девет спогодби кои ја гарантираат нивната идна соработка. Дел од српските медиуми коментираат дека тие договориле соединување и дека министрите за надворешни работи ќе започнат да работат на изработка за заедничка стратегија за обединување на Албанците до 2025 година. Косово е уморно од чекање на визната либерализација, а Албанија не може бесконечно да чека влез во ЕУ.
„Врз основа на своите права Косово го очекува донесувањето на одлуките од страна на институциите на ЕУ, но Косово не може постојано да ги чека другите и го затвора процесот на трансформација на косовските безбедносни сили”, рече Харадинај.
Покрај спогодбите за либерализација на границите, роомингот и взаемно признавање на границите, двајцата премиери се договорија и за царинските давачки- следните шест месеци царината меѓу Албанија и Косово ќе биде чиста нула, но онаа на северната граница на Косово со Србија нема да се промени, останува 100%.
„Тоа е ирационална одлука во нормални услови, но сосема нормална во ирационални услови, како што се оние кои се изложени на двојниот пристап на Србија. Кој ја гледа 100% тарифата како економска одлука, не е во ред. 100% тарифа е политички одговор,” рече Рама.
Рама на непристоен начин ја отфрли тенденцијата Србија да не го гледа Косово како независна држава, по последното барање од европратениците да не го користат зборот Република Косово. Тој се послужи со најупотребуваната псовка на планата.
„За што се Ф ** к зборува на јазикот на Европскиот парламент“, рече је Рама
Седницата се одржа во Пеќ, мотото беше „Заедно за развој“, но граѓаните на протест им кажаа на премиерите дека семејствата на затворените по кумановските настани чекаат да бидат ослободени.
Билјана Ставрова