
Далај Лама префрлен карантин заради опасност од коронавирусот
Тибетанскиот духовен лидер Далај Лама е ставен под принуден карантин а сите настани на кои требало да присуствова се откажани, изјави неговиот соработник лама Калмакиј Тлкуло Тулку Ринпоче.
„Далај Лама е ставен под карантин како мерка на претпазливост“, додаде Ринпоче.
Од почетокот на епидемијата, од јануари 2020 година, покрај откажувањето на сите настани забранети се и приватните средби духовниот лидер.
Далај Лама има 84 години и повеќе од 60 години тој живее во егзил во Џарамсала, во северна Индија, и секоја година оддржува предавања и говори на илјадници луѓе, патувајќи во различни индиски држави и други земји од светот.