Cветски метрополи одржуваат хигиена со македонски еко – возила Green Machines

Светски метрополи одржуваат хигиена со македонски еко – возила. Македонски „зелени технологии“ – Еуро Фокус во погоните на Green Machines на велешки Брако. Новите иновации се поддржани и од ФОндот за инвестиции на Холандија

Светскиот отпад и прашина од улиците се чистат со македонски машини. Но, малкумина знаат за ова. Една мала фабричка хала, двајца млади иноватори-инженери и педесетина работници.

Ова е тајната за успехот на македонскиот бренд „Грин Машин“ сокриен во фабричкиот круг на „Брако“ во малиот Велес кој најлесно се опишува со синтагмата „Светско, а наше“.Кока Кола, кралски палати, и парламенти на западно-европски земји. Долг е списокот каде што производите „Грин Машин“ нашле примена.

„Извезуваме цели флоти. Но, интересно е дека и Кина набавува од нас земја која најчесто извезува прозиводи.“

Тајната на успехот се крие зад овие врати, но и под раководна палка на двајца млади инженери.  Иле Атанасовски дипломирал на машинскиот факултет во Скопје како еден од десетмина најдобри студенти во својата генереација. Првите чекори во машинството ги започнал во компанијата „Брако“, а пред три години се соочил со предизвик. „Брако“ го откупува сопствеништвото, а производството за едно лето од Шкотска се сели во Велес.

Екипата тргнува со производство на 3 типови машини- возила за чистење на улици.Конструкциите се заваруваат во домашниот погон, пластичните елементи се македонски, а моторите пристигаат од Јапонија. На две производни ленти, излегуваат десетици возила неделно, под строга контрола на квалитет на единствениот странец во фирмата од Шкотска кој решил да продолжил да работи и живее во Велес.

И Костадин Атанасоски  решил да не купи билет во еден правец во ветените земји од европската унија откако се стекнал со диплома електроинженер. Кариерата од студентските клупи ја започнал во „Брако“ за да продолжи на наредната иновација.

8200-те делови за едно возило од цртеж до клуч за палење на електричен погон е само дел од обврските на Атанасоски.

Вистинскиот предизвик за тимот на „Грин Машин“ е да се испроектира возило на хидрогенски погон кое во иднина ќе ги мете и чисти градските улици. Ќе троши помалку, и воопшто нема да ја загадува околината.

Да се испроектираат, состават машините за чистење улици е полесениот дел. Да се прилагодат на државата која ги бара и потребата за која ќе се наменат е вториот аспект.

Загаден воздух – прашина-пм 10 честички. Тимот на „Грин машин“ има одговор.

Камионот со машини ја спушти церадата и заминува за Велика Британија.  Со над двесте машини произведени во земјава и извезезни трета година по ред оваа фирма и прокоси предрасудите дека Македонија нема кадар, работници, а пред се квалитетна идеја. Токму тоа го препознал и фондот за иновации на Холандија кој го финансира моделот на хидрогенски погон. За возврат три возила ќе ги чистат улиците на Амстердам,Ротердам и Ден Хаг. Се ближи денот кога и македонските граѓани ќе ги гледаат на улиците овие возила со светски квалитет.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ