
Чувар на волци го крстил волкот Трамп
На западот од Косово, недалеку од Џаковица, живее еден необичен човек кој стана познат поради своите необични домашни миленици, а тоа се волци. Хисни Реџај вели дека пријатели – волци се питоми, дел од нив ги купил, а дел ги фатил со раце. Вели дка неговата моќ е да ги припитоми да не напаѓаат. Ги носи на шетање како кучиња, а неговиот омилен волк се вика Трамп, по американскиот претседател, бидејќи Хисми смета дека Доналд Трамп направил многу за Косово.
- Овој волк кој се вика Трамп го посветив на Америка зашто Америка направи многу за нас. Затоа и му го дадов тоа име. Тој е повеќе од специјален. Тој е како него (Трамп) и затоа се вика така. Имаат дури и слични карактеристики. Убав е. И благодарам на Америка, тие не поддржуваа за време на војната, вели Хисни.