
Чин без преседан: Британски парламентарци изгласаа преземање контролата од Владата врз Брегзитот
Пред утрешното гласање за алтернативните опции за Брегзит, британски парламентарци изгласаа преземање контролата од Владата врз дневниот ред на Парламентот.
Тоа е чин без преседан, со цел да се обезбеди мнозинство за која било опција за Брегзит.
Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително и одржување на нов референдум, излегување од Европска Унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија. Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.
Опозицијата е децидна владата не успеа и не може да се дозволи криза во земјата.
- Владата не успеа и ги пушти луѓето да гласаат за напуштање или за останување. Земјата не може да си дозволи криза во Тори( владеачката конзервативна партија). Време е претседателот на Парламентот да ја преземе контролата и затоа денеска ќе го поддржиме амандманот во име на вистинскиот член (парлементот) за западен Дорсет, рече Џереми Корбин, лидер на Лабуристичка партија.
Пред гласањето премиерката Тереза Меј изјави дека не ветува дека ќе се придржува кон оваа одлука.
- Чесниот гостодин е во право, кажав како стојат работите, не верума дека имаше поддршка за враќање на смислено гласање, но исто така кажав дека продолжувам да разговарам со колегите во овој дом и се надевам дека ќе можат да добијам поддршка во овој дом, што ни овозможува да го гарантираме Грегзитот и да се придржуваме на одлуката која беше донесена минатата недела и да обезбедиме заминување на 22 мај, реплицираше премиерката Меј.
Триесетина пратеници од Конзервативците на Меј гласаа против Владата, од кои и тројца министри, поради што Ричард Харингтон, Алистер Берт и Стив Брин поднесоа оставка за да можат да се приклучат на пратениците и да гласаат против Меј.
Харингтон ја обвини Владата дека “игра рулет со животите и со средствата за живот” на Британците.
Меј се обиде да го отфрли поразот, нудејќи им на пратениците серија гласања за алтернативите на Брегзит, организирани од Владата. Секретарот за Брегзит во сенка, Кир Стармер, на Твитер напиша: “Уште еден понижувачки пораз за премиер кој ја изгуби целосната контрола врз нејзината партија, нејзиниот кабинет и на целиот Брегзит процес“. Парламентот се очекува оваа недела да го усвои законот за одложување на датумот за Брегзит, предвиден за 29 март, за најмалку до 12 април.
Билјана Ставрова