
Четворица убиени во напад со огнено оружје во Дагестан
Четири лица се убиени, а петмина се повредени денеска во дагестанскиот град Кизпјар, откако 22-годишен жител отвори оган кон луѓе кои биле на служба во Црква, по што бил ликвидиран.
Според западни агенции, бројот на убиени е пет лица, а повредени се неколкумина.
Според дел од медиумите, напаѓачот почнал да пука внатре во црква, а според други – излегувајќи од храмот. Меѓу повредените се и полицајци и припадници на Националната гарда.
Кај напаѓачот, чиј идентитет е утврден, пронајдени се нож, патрони и ловечка пушка.