
Бурa предизвика хаос во Холандија-откажани сите летови од аеродромот во Амстердам
Силна бура ја погоди Холандија како резултат на која беа откажани сите летови од и до аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, јави Макфакс.
Според достапните информации, брзините на ветерот во земјата достигнуваат 140 километри на час.
Претходно, Националната метеоролошка служба издаде црвен предупредувачки сигнал за голем дел од земјата.