
Бројот на загинати во Индонезија се искачи на 1.300
Бројот на загинати во земјотресот и цунамито кои во петокот ја погодија Индонезија се искачи на 1.300.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени во петокот го погоди централниот остров Сулавеси, со што се појави цунами удри во крајбрежниот град Палу.
Луѓето таму стануваат се повеќе очајни за храна, вода и гориво.
Постојат стравувања дека некои преживеани сѐ уште можат да бидат заглавени под урнатините.
Индонезиски спасувачи открија тела на 34 студенти по теологија во црква на островот Сулавеси, кои настрадале во земјотресот.