
Бројот на заболени од КОВИД 19 во светот надмина 340.000
Речиси секој трет Американец од денеска ќе мора да остане дома откако американските сојузни држави Охајо и Луизијана вчера донесоа одлука за строги строги ограничувања на движењето на граѓаните како превенција од ширењето на пандемијата со Ковид-19. Освен овие две држави ваква мерка претходно донесоа и државите Њујорк, Калифорнија, Илиноис, Конектикат и Њу Џерси, каде живеат 100 милиони Американци.
Во САД до денеска има 35.000 заболени од коронавирус, а само во последнотот деноноќие заразени се повеќе од 1.500, но и 39 смртни случаи, со што вкупната бројка за починати таму се искачи на 458.
Во меѓувреме американскиот Сенат не го изгласа законот за економски пакет помош за борба против новиот коронавирус. Демократите се изјаснија против законот и побараа поголема помош за здравствените работници и за тие што се погодени од епидемијата.
Во Европа пак вирусот продолжува да се шири со несмален интензитет.
Во Италија бројката достигна речиси 60.000 и 5.476 смртни случаи од коронавирусот. Таму денеска пристигнаа девет руски авиони со 100 вирусолози и инфектолози, како и медицински средства, како помош во борбата против новиот коронавиру, откако рускиот претседател Владимир Путин во саботата најави дека е подготвен да и пружи брза помош на Италија.
Вкупната бројка во Шпанија утрово достигна 29.909 заболени, од кои нови се 1.141 и 41 починат. Таму хотелите се празнат и според одлуката на шпанската влада тие до утре мора да бидат затворени.
- За оние клиенти кои живеат во хотелите или престојувале таму повеќе од шест месеци или повеќе или работеле таму… За среќа, овие луѓе може да останат во собите, дури и во туристистичките апартмани каде има кунни и ќе можат таму да живеат“, изјави Луис Калехон, претседател на Федерацијата на хотели и туристички сместување на Андалузија.
Во Германија која вчера донесе одлука за забрана за јавно собирање на повеќе од две лица бројот на заболени се искачи на речиси 25.000.
Албанија утрово ја забележа четвртара жртва, додека Словенија третиот смртен случај од коронавирус. Хрватска потврди 52 нови случаи со коронавирис со што вкупниот број се искачи на 306 лица. Главниот штаб за справување со коронавируст во Хрватска донесе мерка за забрана за напуштање на местото на живеење, поточно ги стави градовите во карантин.
Во Кина каде започна ширењето на вирусот веќе петти дена по ред нема регистрирано нов случај на заболен од коронавирус во Вухан. Таму во последнотот деноноќие се регистрирани 39 нови слуќаи, како што соопштин Националната здравствена комисија на Кина сите се „увезени“ потврдени случаи.
Во светски рамки вкупнбиот број на заболени е повеќе од 341.000, од кои повеќе од 14.000 починале, 99.000 се излечени.
Тамара Грнчароска