Бројот на смртни случаи во Африка за една недела се зголеми за 60%

Светската здравствена организација соопшти дека до сега има повеќе од 2.260.000 потврдени случаи на КОВИД-19 и 154.000 смртни случаи.

Според СЗО охрабрувачки е што неколку земји во Европа и Северна Америка планираат да ги олеснат ограничувањата, но организацијата предупредува дека тоа треба да се направи постепено.

И покрај тоа што овие земји покажуваат знаци на закрепнување, други поранливи земји сега известуваат за зголеме број на потврдени случаи. Економската комисија на ОН со оценка пандемијата на коронавирусот може да убие најмалку 300.000 Африканци и во екстремна сиромаштија да турне 29 милиони лица. ОД СЗО пак велaт дека е состојбата во Африка станува алармантна, таму изминатата недела за над 60% е зголемен бројот на смртни случаи.

  • Изминатата недела регистриран е пораст од 51% на пријавени случаи на мојот континент, во Африка, и за 60% се зголемија пријавените смртни слчучаи. Моменталниот предизвик е набавка на тестови, се претпоставува дека вистинската бројка е поголема од пријавените- Тедрос Адханом, генерален директор на СЗО.

Соединетите држави претрпеа најголем број смртни случаи приближно 37.000, а вкупно регистрирани се повеќе од 700.300 заболени. Сепак американскиот претседател Трамп на редовниот брифинг излезе со прогноза дека бројот на починати во епидемијата од коронавирусот ќе биде 60 до 65 илјади лица. Ние направивме огромна работа, ако не сторевме ништо таа бројка ќе беше од милион ипол до над два милиони луѓе. Тој истакна дека е се помал бројот и на болни луѓе и дека се намалува бројот на хоспитализирани, што според него дава трошка надеж.

  • Па, имаме големи бројки речиси во секоја држава. Гледаме трошка надеж. Навистина сметам во поглед на кревети, бројот, мораме да гледаме за кревети, креветите се зафатени. Луѓето си одат, во суштина луѓето си одат. Тоа значи дека има се помал број на болни луѓе. Се помал број на луѓе кои чувствуваат дека мора да одат во болница. Тие бројки навистина нагло се намалуваат. Така што сметам дека повторно гледаме добри сигнали- Доналд Трамп, претседател на САД.

Италија регистрира 22.745 смртни случаи, во Шпанија билансот е 19.613, а Франција и Велика Британија имаа над 10.000 смртни случаи. Шведската влада соопшти дека значително ќе го прошири тестирањето КОВИД-19. Кина има 27 нови случаи од кои 17 се увезени.

Залихите на заштитни одела се при крај во болниците низ Велика Британија и тие би можеле да останат без нив до крајот на денот или викендот, објави „Гардијан“.

Во меѓувреме Акциите на фармацевтската компанија „Гилиад“ растат откако името на компанијата одеднаш блесна во американската јавноста откако од неа излегоа охрабрувачки податоци за експериментот со пробниот лек „Ремдесивир“ врз пациенти со  тешка форма на болеста Ковид-19. Болницата на Универзитетот во Чикаго, која учествува во антивирусна студија, соопшти дека е забележано брзо закрепнување од зголемената температура и респираторните симптоми и дека речиси сите пациенти биле испратени дома за помалку од една недела, но рано е за заклучоци од овој експеримент, анализите траат.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека вакцината против коронавирусот, тогаш кога ќе биде пронајдена, мора да биде „глобално јавно добро“ достапно до сите.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ