Свет Бројот на загинати во Џенова се искачи на 43, во Италија ден на жалост
Околу 3.000 луѓе денескаво Џенова присуствуваа на закопот на 18 од загинатите во уривањето на мостот Моранди во Џенова, додека на другата страна од градот од урнатините во текот на ноќта се извадени уште четири тела меѓу кои и едно девет годишно девојче и нејзините родители кои беа пронајдени во здробен автомобил под бетонски блок. Италијанската државна телевизија јави оти се верува дека последното пронајдено тело е на 30-гоидишен маж, кој се смета дека е последен од лицата кои се сметаа за исчезнати во несреќата. Дополнително на тоа, еден од повредените во несреќата денеска им подлегна на повредите и почина во болница. Со тоа бројката на загинати во несреќата се искачи на 43.
Закопот кој го организираше државата го одбија повеќето од семејствата на загинатите, меѓу кои и на четирите млади жртвите од Неапол, кои за трагедијата ја обвинуваат државата. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Италија Серџо Матарела, кој претходно го посети местото каде се урна мостот. На закопот дојдоа и спасувачите, кои беа пречекани со ракоплескање.
Семејставата на загинатите уште вчера се собраа во халата каде денеска се одржува погребната церемонија каде на редицата ковчези полагаа свеќиња, фотографии. Денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Италија.
На месотото каде од 45 метри височина се урна мостот Моранди во пресушено речно корито спасувачите се уште ги расчистуваат тоните бетон и железо и ги проверуваат уништените автомобили. Обвинителството поведе истрага за несреќата фокусирајќи се на грешки во проектот и несоодветно одржување.
Владата формираше и комисија за да ја испита причината за несреќата, а еден нејзин член вчера изјави дека постои можност причаната да е скинат кабел од мостот.
Мостот Моранди е конструиран и изграден во 60-те години на минатиот век, а реконструиран во 2016 година. Надвозникот поминува над трговски центри , фабрика, станбени згради, пругата Џенова-Милан и бил еден од најфреквентните сообраќајници.
Тамара Грнчароска



