Британските парламентарци ќе гласаат за клучните амандмани на Меј

Британските пратеници денеска ќе гласаат за неколку амандмани на плановите на Меј, кои таа ги поднесе по гласањето со кое се отфрли нејзниот договор со ЕУ за Брегзит. Со еден од клучните амандмани се прави обид, Владата да се обрзе повторно да преговара за таканаречениот „бекстоп“ кој трeба да гарантира отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска по Брегзит. Со друг се предлага продолжување на преговарачкиот процес за Брегзит по март.

Ако некој од нив помине (што, според Би-би-си, не е сигурно), тоа ќе биде знак за премиерката дека на Парламентот може да му понуди модифициран договор. Сепак, ЕУ истакна дека промените во Договор за Брегзит нема да бидат предмет на повторни преговори меѓу двете страни, на што портпаролот на Меј рече дека Унијата ќе треба да има предвид компромис.

Најголем проблем, според британските медиуми, е да се обезбеди дека нема да постојат тнр. “цврсти” граничните премини меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која не гласаше за Брегзит. Ниту една страна не сака да го поткопа мировниот процес, како и слободниот проток на стоки и луѓе, но се уште не можат да се договорат за тоа како да се постигне тоа.

Британија и ЕУ се согласија да започнат тнр. бекстоп – еден вид на безбедност, која ќе гарантира дека нема да има цврста граница без оглед на исходот на идните трговски преговори меѓу двете страни. Според Би-Би-Си, бекстоп ќе значи дека Северна Ирска ќе остане предмет на некои регулативи на ЕУ, како што се стандардите за храна и стоки. Ова ќе ја спречи потребата од проверка на стоки на ирската граница, но ќе се бара некои производи увезени во Северна Ирска од остатокот од Обединетото Кралство да бидат предмет на нови проверки и контроли. Бекстоп, исто така, ќе имплицира и привремена единствена царинска територија, практично задржувајќи го целото Обединето Кралство во царинската унија на ЕУ. Ако трговските разговори завршат без договор, Велика Британија ќе остане во бекстоп на неодредено време, но британската Влада вели дека тоа е малку веројатно да се случи, бидејќи тоа нема да биде во интерес на двете страни.

Сепак, можноста, која еден од министрите ја опиша како “пресметан ризик” – да не може да се ослободи од царинските прописи на ЕУ без нејзина дозвола, беше доволно за да одврати многу амбасадори од Договорот на Тереза М​еј. Тие бараат да се откаже од бекстоп, додека владата инсистира дека тоа е едноставно невозможно. Уште поважно, Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која ја поддржува владата на Тереза ​​Меј, не се согласува и неодамна објави дека ќе гласа против Договорот.

Заменик главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија, Сабина Вејенд, изјави дека ќе биде предизвик да се види како Велика Британија се обезбеди мнозинство за Договорот за Брегзит, пренесува британски Сан. Таа рече дека постои “многу голем ризик” дека договорот за Брегит нема да биде усвоен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ