
Британската премиерка соочена со гласање за доверба
Европа е на нозе, времето за Лондон истече– постои ризик од хаотично излегување од Унијата, но можен е и нов референдум. Европските лидери Туск и Јункер од Велика Британија бараат да се изјасни за намерите откако брегзитот не беше одобрен во парламент. Додека Меј е соочена со гласање за доверба, а можни се и предвремени парламентарни избори, макрон со објаснување- има три опции…
-Ќе ви кажам како гледам на работите. Првата опција: тие (Британците) одат кон опцијата да кажат дека нема договор. Од тоа секој се плаши. Првите губитници тука се британските граѓани, во тој случај ќе мораат без било каков транзитетн период, повторно да преговараат за идните односи.
-Втора опција: ни велат дека ќе се обидат, мислам дека тоа ќе го направат. Јас ги познавам- „ќе се обидеме да го подобриме она кое што можеме да го добиеме од Европејците и повторно ќе гласаме“. Ќе видиме. Можеби можат да се подобрат една или две точки. Не верувам во тоа. Бидејќи отидовме предалеку со договорот. А ако се обидеме да го решиме проблемот со британската внатрешна политика, нема да ги одбраниме европските интереси.
-Постои и трета опција – мислам дека ќе почнат од втората и ќе завршат со третата опција. Да се обложиме. Најверојатна опција – ќе речат дека им треба повеќе време и ќе бараат повеќе време за повторно преговарање. Што значи ќе им треба повеќе време, можеби следниот чекор ќе биде преку Европските избори да се обидат да направат нешто друго, смета францускиот претседател Макрон.
За разлика од Макрон, австрискиот канцелар Курц непошустлив – нема нови преговори со Лондон. „Тажен ден за Европа“, напиша на Твитер германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас, кој смета дека „помина времето за игра“. Реториката на Брисел се заостри откако Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“ го отфрли брегзитот. Тереза Меј изјави дека го слушнала мислењето на Парламентот, но дека е битно да се слуша и волјата на британскиот народ. Ако не биде фомирана нова Влада тогаш ќе претстојат предвремени избори, чиј победник засега е крајно неизвесен. Во случај на победа на лабуристите, премиер најверојатно би станал нивниот лидер Корбин, кој веќе најави дека доколку се најде во таква позиција ќе бара нови преговори со ЕУ.
Според анкетата на „Индепендент“, 48 отсто од Британците сакаат нов референдум за Брегзит, а 28 проценти се против тоа. При евентуален нов референдум, 45 отсто би се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ, 39 проценти би биле за Брегзит, а 16 отсто се неопределни.
Билјана Ставрова