Британија може да се предомисли за Брегзитот, Меј го одлага гласањето во парламентот

Британија може да се предомисли за Брегзитот без да бара дозвола од другите 27 земји – членки на ЕУ. Значи Британија може сама да одлучи да остане во ЕУ под истите услови како досега.

Европскиот суд на правдата одлучуваше по брањето на надпартиската група британски политичари, кои сметаат дека е можно да се запре Брегзитот со нов референдум или да се најде алтернативен начин тој да се изведе.

Сега според одлуката на судиите на ЕСП Британија може да го преобрати механизмот од член 50 од Лисабонскиот договор, со кој е дефинирано како земјите ја напуштаат ЕУ, во случај договорот за излез од Унијата уште да не стапил на сила.

– Целта на ваквото отповикување е да го потврди членството во ЕУ на односната земја-членка под услови кои не се променети во однос на нејзиниот статус како земја-членка и природната апликација ја доведе до крај постапката за повлекување, Карл Густав Ферленд, судија на Европскиот суд на правдата.

 

Во владата на Меј на оваа одлука гледаат како на нешто неважно, бидејќи не сакаат да си го натоварат гневот на оние кои гласаа за Брегзит.

  • Мислам дека е ирелевантна бидејќи, само замислете како ќе се чувствуваат 52 отсто од граѓаните кои гласаа за Брегзит ќе се ако некоја британска влада одлучи да го одложи напуштањето на ЕУ одредено на 29-ти март. Мислам дека луѓето ќе бидат шокирани и многу лути, а тоа сигурно не е намерата на владата, re;e Џереми Хант, министер за надворешни работи на В. Британија.

Но, анти-брегзит политичарите се надеваат дека оваа судска победа ќе ги зголеми шансите за прекин на процесот, веројатно преку втор референдум.

Одлуката на судот во Луксембург пристигна точно на еден ден пред гласањето во британскиот парламент, каде нема расположение договорот за помине.

Последните информации од даун стрит десет се дека Тереза Мје ќе го одложи утрешното гласање и дека ќе им се обрати на пратениците во попладневните часови.

Дуализмот на политичката сцена директно се рефлектира врз британската јавност, каде вчера на улиците на Лондон паралелно се одвиваа пробрегзит протести но и протести под паролата „Брегзит предавство“.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ