
Брестовац не ја лоцира одговорноста за неуспехот во своите селекторски потези
Слабата реализација и нервозата во играта по првите 20 минути од мечот со Австрија се клучни за поразот на репрезентацијата на Македонија, изјави селекторот Данило Брестовац на прес-конференцијата по натпреварот.
Брестовац истакна дека тој како селектор се обидел да создаде хемија помеѓу повозрасните и помладите играчи во неговиот тим, а тоа некогаш се покажало како успешно.
Репрезентативецот Кузмановски смета дека оваа група со Австрија, Чешка и Украина била најлесна од кога тој е дел од националниот тим. Им се заблагодари на навивачите кои дојдоа во Виена да навиваат за Македонија и порача дека овој неуспех е лекција за него и неговите соиграчи.