
Брегзит, што понатаму? – Нов договор, Брегзит без договор, или втор референдум
Надминато гласањето на доверба за владата на Тереза Меј, сега се отвараат три главни опции за Британија. Компромисен договор, Бгегзит без никаков договор, или откажување од самиот Брегзит.
По поразот на планот за Брегзит на премиерката, Меј најави дека ќе обиде околу пронаоѓањето на нов компромис. Финаниските пазари се обложуваат дека закондовците ќе најдат договор во 5 за 12. Но, Лабуристите ќе ја поддржат Меј доколку прифати Британија да остане во царинската зона на Унијата и да одржува тесни односи со единствениот пазар. Третиот предуслов на лидерот на Лабуристите е откажувањето на Меј од црвената линија попозната како Брегзит без договор. Корбин се повеќе се отвара и кон можноста за распишување на нов референдум.
„Доколку втор референдум треба да се случи, тогаш партијата ќе одлучи каква улога да завземе или кој би бил нашиот поглед, но не можам дека да се помирам со идејата дека треба да биде само повторување на тоа што се случи во 2016-та година. Мора да има дискусија околу опциите кои ги предложивме, и ние предложивме три опции кои ги потцртав во мојот говор“.
Со кознервативната партија длабоко поделена, опозицијата го држи ножот за дршката. Тешко би се дошло до каков било план за Брегзит во Долниот дом без поддршката на гласовите од 256 лабуристички пратеници.
Но, ако Меј се приближи премногу до позициите на Лабуристите, тогаш ќе ги изгуби конзервативците кои ја одржуваат нејзината малцинска влада во живот. Ако не успее во пронаоѓањето на договор, тогаш остануваат нови избори, одложување на Брегзит или излезот без договор.
Европскиот преговарач Мишел Барние им посочи на Британците дека најдобриот пат за нив е да прифатат што поблиска законска регулација со онаа на Унијата.
„Најдобрите односи со Европската Унија би биле кога би останале членка на Унијата. Доколку сакате да си заминете или ако не сте повеќе во Унијата, не може да биде истото, како да сте во неа“.
Во спротивно останува опцијата за излез без договор. Опција која не ужива поддршка кај мнозинството британски пратеници и која би значела хаотичен излез без никаков период на транзиција.
Но, тоа не е опција која им се допаѓа на европските партнери, кои очекуваат мнозинството во Лондон да одлучи што навистина сака.
„Затоа мора јасно да му се каже на Лондон дека времето за игри заврши. Топката е во теренот на В. Британија и сите тие што имаат политичка одговорност во Лондон се обврзани да постигнат договор и јасно да кажат за што постои мнозинство во Лондон“.
Засега за нов референдум немаше мнозинство. Меј него сака, напоменувајќи дека би се минирала довербата во демократијата на 17-те милиони луѓе кои гласаа за излез во 2016-та година. Корбин е стар евроскептик, и пред референдумот посакува парламентарни избори.
Но, сепак законодавците се размрдуваат на оваа тема, која во најмала рака би купила и дополнително време за самиот референдум да се одржи.
Останува отворено, како би гласело новото прашање, или серијата од прашања?
Но, сите се плашат од можната реакција која после втор рефендум би следувала од страна на луѓето кои се за излез. Можен би бил подем на една екстремна десница, и потоа барање за трет референдум, или четврти. И така до недоглед.
Британија денес наликува на остров кој плута кон непознатото. Сите опции се возможни, но не сите гарантираат спас од кризата за Велика Британија.
Ивор Мицковски