
Бразил ново жариште на коронавирусот- 1000 мртви за еден ден
За само еден ден Бразил пријави 1.179 смртни случаи од корона вирусот со што стана и ново светско жариште. Починати се 17.970 луѓе. Земјата има повеќе од 271.600 потврдени случаи, но веројатно реалната бројка е многу поголема поради ограничениот број на тестирања. Повеќе потврдени случаи во целиот свет имаат само во САД и Русија.
Властите се обидоа да ја минимизира опасноста од пандемијата, имаа за цел да се отвори економијата но, се соочија со протести.
СЗО веќе ја прогласи цела Латинска Америка за ново жариште на пандемијата.
Американскиот претседател Трамп на новинарско прашање одговори дека се размислува за забрана на влез на бразилците во САД
- Размислуваме за тоа. Се надеваме дека нема да имаме проблеми. Гувернерот на Флорида работи многу добро, спроведува тестирања на Флорида, бидејќи најголемиот број доаѓаат на Флорида. Во Бразил помалку или повеќе има ефект на стадо. Знаето што е стадо и затоа имаат проблем, одговори Доналд Трамп, претседател на САД.
Бразилскиот претседател Болсонаро го нарече корона вирусот „обичен грип“ и ја одобруваше употребата на лекот хлороквин и покрај предупредувата на експертите. А сега болниците се преполни и здравствениот систем е пред колапс.
Голема е загриженоста поради брзото ширење на вирусот во сиромашните области и затворени заедници кои се погодени од болеста.
- Ова е многу тешко време за руралните подрачја, нашата локација не е од помош. Навистина имаме многу пациенти во сериозна состојба, а овде нема инфраструктура, вели Ананси Ласмар, доктор.
Дел од заболените потекнуваат и од течението на реката Амазон, меѓу 25.000 жители, повеќе од 416 се позитивни на Ковид – 19. Од кои 30 се во тешка состојба. Тие со авион се префрлаат во блиските градови.
Во Сан Паоло, најголемиот бразилски град со 12 милиони жители и едно од најпогодените места во државата, од денеска почнува пет дневниот карантин со цел да се сузбие ширењето на вирусот.
Градоначалникот Бруно Ковас предупреди дека здравствениот систем може да да колабира за две недели и ги обвини оние кои не ги почуваа рестриктивните мерки и како што рече си играа „руски рулет“ со животите на граѓаните.
Билјана Ставрова