
Борисов: Тоа што го правиме во Западен Балкан е заради мир
Тоа што го правиме во Западен Балкан е за мир. Но, за да постои мир, мора да имаме силни вооружени сили и да соработуваме со земјите од Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Софија.
Тој оцени дека нема подобро место да се зборува за мир отколку во соба со министри за одбрана, рече Борисов, кој ја истакна важноста и напорите за мир во регионот.
– Сакам да ја побарам вашата поддршка, бидејќи никој подобро од вас не ги препознава воените опасности, опасноста од војна на Балканот и кога со вашите Влади дискутирате на таа тема, ве молам да не ја потценувате таа опасност, изјави бугарскиот премиер, обраќајќи се на учесниците на состанокот.