
Борис Џонсон заврши на интензивна нега, Кина 24 часа нема починат пациент од Ковид-19
По, десет дена борба со болеста ковид-19, попушти здравјето на британскиот премиер Борис Џонсон. 55- годишниот Џонсон кој времето го минуваше во самоизолација од синоќа се наоѓа на клиниката за интензивна нега во една болница во Лондон. Работел до доцна попладне, а за само два часа му се влошила состојбата. Како што дознаваат тамошните медиуми премиерот бил свесен, а пред да биде примен на клиника на интензивна нега, добил кислород затоа што имал проблеми со дишењето. Извори тврдат дека премиерот не е сместен на респиратор и дека во болницата е сместен поради претпазливост, доколку дојде до влошување на состојбата и му затреба респиратор. Сепак, лекарите не ја потценуваат состојбата во која се наоѓа премиерот.
- Лечењето на интензивна нега, тоа е најсериозниот вид на грижа што може да ја имате. Интензивната нега е за најболните пациенти. Таа не се препорачува како мерка на претпазливост. Можеби тој отишол во болница како мерка на претпазливост , но тој завршил на интензивна нега бидејќи лекарите се загрижени за состојбата на неговото здравје, Ели Канон, лекар, интензивна нега.
Со заразата се бори и неговата бремена партнерка Кери Симондс со недели, но веќе се опоравува.
- Многу е интересно, зарем не? Toj и неговaта партнерка, а неговата партнерка е бремена. Таа имала ХОВИД-19 и веќе закрепна. И, сепак, сметаме дека таа и понатаму е кревка. Тој боледуваше 7 дена, но по се изгледа му се влоши состојбата. Повеќето пациенти што ги следев во заедницата, нивната температура помина за шест или седум дена, некои веројатно продолжуваат подолго, но тоа за нас е секогаш еден вид црвено знаме за да го поставиме прашањето: дали состојба се влошува ? Дали е ова сериозно заболување?“
Во, САД земја која ита кон врвот на заразата и е прва на црната листа на заразени пациенти статистичките податоци на здравствените работници во Чикаго покажуваат дека Афроамериканците сочинуваат половина од сите случаи на коронавирус во градот и повеќе од 70% од смртните случаи, и покрај тоа што сочинуваат 30% од населението. Околу 20 проценти ,пак, од децата заразени од коронавирус во САД имаат потреба од болничко лекување, а хоспитализација е најверојатна кај бебиња на возраст помала од 12 месеци, покажува првата анализа на болеста кај најмладите пациенти. Најпозитивните вести пристигаат од далечниот исток каде што избувна заразата. Кина по долг период во изминативе 24 часа нема ниту еден починат пациент од корона. Кинескиот здравствен систем успева со недели заразата да ја запре на 81 илјади пациенти. Во Вухан, каде започна пандемијата на вирусот Ковид-19, за првпат од 23 јануари, кога градот беше целосно ставен во карантин, од ноќеска се укинува забраната за движење и ќе се овозможи влез и излез од градот. Јапонија, пак, конечно прогласи вонредна состојба земја која има сериозна бројка заразени, но премиерот одбиваше да ја предложи оваа мерка.
Павле Беловски