Борис Џонсон не поднесува оставка

Нов удар на Борис Џонсон му нанесе денеска обединетата опозиција, која не го прифаќа барањето на премиерот за одржување општи избори пред самитот на ЕУ во октомври. Лабуристите, либералите, како и од шкотката национална партија велат дека ќе гласаат против или воздржано во понеделник, со цел Британија да не „пропадне“ без договор. За премиерот ова е, како што рече „извонредна политичка грешка“. Британскиот премиер Борис Џонсон ветува дека нема да бара одложување на брегзитот и смета дека е тотално безмислено сега да си поднесе оставка. Излагуваме од ЕУ на 31 октомври.

-Можете ли да ветите денеска пред британската јавност дека нема да се вратите назад во Брисел и да побарате уште едно одложување на „Брегзит“?, прашува новинарка.

-Да, можам. Претпочитам да бидам мртов во ров, вели Џонсон.
-Значи, попрво ќе си поднесете оставка, премиере, наместо да одите и да барате одложување?
-Види, тоа чини милијарди фунти на месец. Не се постигнува апсолутно ништо. Што и значи на земјата, која е поентата на понатамошното одложување. Мислам дека е тотално, тотално бесмислено, вели Џонсон.

Премиерот на Финска, земја претседавач со ЕУ, изјави дека нема повторно да се отвора тешко постигнатиот договор со Британија. Состојбата во замјата сега е хаотична и загрижувачка, а унијата ќе го брани постигнатиот договор.

  • Ситуацијата во Велика Британија сега е хаотична, не знаеме што се случува таму. Се поизвесно е дека нема да добиеме Брегзит со договор, нагласи Анти Рине, премиер на Финска.
  • Јас сосема се сложувам со она што го кажа премиерот. Изгледа дека се е многу хаотично. Тешко е да се разбере што сакаат да направат сега британската влада и парламентот. Но знаеме кои сме, рече Давид Сасоли, претседател а ЕП.

По вчера поднесената оставка од министерската позиција братот на Борис, Џо Џонсон денеска најави дека се враќа во својата изборна единици, но дава поддршка на владината политика.

Џонсон во вторникот прерпе голем пораз во парламентот бидејќи опозиционите пратениците меѓу кои и неговите ториевци гласаа за превземање на контролата врз излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Законот, кој има за цел да го спречи Брегзитот без договор, го обврзува Џонсон да бара од Брисел пролонгирање на рокот после 31 октомври. Денеска законот го разгледуваат во Горниот дом на парламентот, односно Домот на лордовите.

Високиот суд во Лондон го одби барањето за преиспитување на одлуката на премиерот Џонсон парламентот да биде суспендиран пред Брегзит-от, но соопшти дека барањето ќе се најде пред Врховниот суд кој ќе ја донесе конечната одлука.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ