
Борис Џонсон: Лекарите се подготвуваа да ме прогласат за мртов
Британскиот премиер Џонсон откри дека владата подготвила план во случај на негова смрт, кога состојбата му се влошила додека минатиот месец на интензивна нега се бореше со Ковид-19.
Во интервју за неделникот „Сан“ изјави дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил приклучен на апарати. Раскажува дека добил „литри и литри кислород” за да остане жив, како и дека шансите да биде ставен на респиратор биле 50-50. Џонсон сфатил дека нема лек за КОВИД 19, кога до него го поставиле мониторот чии индикатори постојано биле во погрешна насока и за малку се извлекол да не биде интубиран. Џонсон вели дека докторите имале стратегија да одговорат на смртта по сталинистичко сценарио, односно со денови да не ја соопштат.
Џонсон се врати на работа во понеделникот, откако на 26 март беше потврден за позитивен на корона . 55-годишниот премиер по влошувањето на неговата состојба беше префрлен во болница, каде три ноќи помина на интензивна нега.
По отпуштањето од болница, докторите само објавија дека им било мило што се грижеле за премиерот, но не даваа никаки детали за неговата болест, освен дека се лечел на интензивна нега. Џонсон и неговата вереница вчера соопштија дека нивниот новороден син ќе се вика Вилфрид Лори Николас, во чест на двајцата дедовци, но и на двајцата доктори за кои рекоа дека му го спасиле животот на Џонсон.
Претходно, Џонсон на јавноста и соопшти уште една добра вест- дека пикот во Велика Британија е достигнат. Една од медицинските директори во земјата имаат уште работа за да да ја победат пандемијата
- Останува уште многу работа до крајот. Во податоците кои ќе ви ги презентирам денеска, јасно се гледа напорната работа што сите ја прават со тоа што седат дома.
Инаку Велика Британија се наоѓа во првата десетка во светот по број на заболени од корона вирус со повеќем од 180.000 заразени.
Теодора Цветковска