
Борис Џонсон ќе бара предвремени избори?
Британскиот премиер Борис Џонсон размислувал да распише предвремени парламентарни избори, ако пратениците се обидат да го блокираат Брегзит без договор, во обид да ја поразат владата.
Би-Би-Си дознава дека во владниот кабинет се води „жива дискусија“ за Парламентот да одобри избори, кои можат да се распишат во среда.
Поранешните министри на Ториевците ги сдружија силите со опозициските Лабуристи во обид да го спречат обидот Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31-ви октомври без договор. Се шпекулира дека пратениците ќе ја активираат трајната одредба 24 од законот, SO24, – правило кое на пратениците им дозволува да побараат дебата за „специфично и важно прашање за кое итно мора да се делува“. Според оваа одредба, прмиерот ќе биде приморан да бара продолжување на Брегзитот дополнителни 3 месеци, до 31 јануари, доколку во парламентот промине одредбата за Брегзит без договор на 19-ти октомври, што е ден по следниот самит на ЕУ лидерите.
Ториевците бунтовници, кои се здружија со опозицијата, се предупредени дека ако гласаат за одредбата 24 ќе бидат избркани од партијата. Идејата на Џонсон за предвремени избори е голема замка, вели поранешниот премиер Тони Блер. Брутално е јасно дека гласовите на опозицијата на избори би се поделиле, и во британскиот систем тоа би придонело за лесно мнозинство на ториевците. Блер апелира до пратениците да сфатат дека во модерната бритабска историја никогаш немало поважен миг кога политичарите треба да ја стават државата пред личниот интерес.