Борбата за Њујорк: пожртвуваност, тага и среќа од приказните за поединци

Денот на Карла Браун од компанијата ангажирана за достава на оброци секое утро започнува со правењето на список, пакувањето на храната и возењето до стотици домови на стари лица во еден од квартовите во Менхентен .  Њујорк е под опсада од заразата на ковид-19, а државните мерки не им дозволуваат на граѓаните да излезат од своите домови. Најпогодени се возрасните кои зависат од оброците кои Браун им ги носи од врата на врата. Ова е само една од приказните за пожртвуваноста на поединци, во Њујрок кои ги следи камерата на асошиејтед прес.

„Бидејќи, на луѓето им е наложено да не излегуваат надвор, многу постари лица кои не биле во нашата програма зависат од други луѓе да дојдат и да им донесат храна, тие луѓе не можат да излезат повеќе. Значи, за нас е голем предизвик луѓето да ја добијат храната и да бидат безбедни. Ние одиме во нивните домови шест дена во неделата и ги надгледуваме како се, затоа ова е многу  важно“, вели Карла Браун, извршен директор НА Чарлс А Волбург „Мулти-услуга“

Њујорк, заспива и се буди со надеж дека од град „под опасада“ наскоро ќе биде град „победник“, но затоа пред се треба да издржат оние кои сега се најпотребни. Приказната за болничарот Трејвис Кесел започнува пред неговиот дом каде што се подготува за напорниот ден, а завршува кога ќе го напушти болничкото возило по 12 часовната смена. Тој е на првата борбена линија против болеста.

„Само што ја завршив смената. Долг ден. 12 часовна смена во која успеавме да одговриме на 12 повици за 12 часа. Во нормален ден најчесто имаме шест или седум, што е  пак многу повеќе од било кое друго населено место. “

Приказните од Њујорк овие денови имаат тажна страна. За тоа сведочи 23-годишниот Исис Пујол кој изминатите 80 часа спие, јаде и работи во своето погребално возило за да може да одговори на повиците кои стасуваат од домовите или болниците за починатите луѓе од болеста ковид-19.

„Значи. Да. Институциите, погребните домови правиме сè што можеме. Но, бројот на починати продолжува да се зголемува. Имаме околу 200 луѓе во нашиот список во моментов, а потоа уште стотици отстранувања на починати во своите домови. Значи, ние правиме се, но едноставно пристигнуваат многу побргу отколку што можеме да се погрижиме за сите нив, вели Исус Пујол директор на погребна компанија во Њујорк.

САД ја премина бројката од 500.000 заразени од корона вирусот, а најголемиот дел се во Њујорк, градот во кој препознатливите паркови  прераснаа во полски монтажни болници.

 

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ