Бомбашки напад во црква во Пакистан – осум мртви

Осум убиени и најмалку 42 повредени во двоен самоубиствен-бомбашки напад во црква во југозападен Пакистан, за време на миса на која присуствувале стотици верници во пресрет на католичкиот Божик. Нападот е извршен од двајца бомбаши-самоубијци, од кои едниот се разнел во црквата, додека другиот бил убие пред да влезе во неа. Во црквата за време на нападот имало многу жени и деца.

„Еден бомбаш-самоубиец се разнесе на главниот влез од црквата, не успеа во обидот да влезе внатре. Вториот бомбаш кога се обиде да влезе нашите безбедносни служби реагираа и го застрелаа на главниот влез, бидејќи ние денеска поставивме обезбедување на сите цркви во Кета. Ни еден од двајцата напаѓачи не успеа да влезе во главната сала на црквата“, изјави Мохамед Атик, полиција на Пакистан.

По нападот полицијата го расчистувала теренот околу црквата по што се слушале рафали од автоматско оружје во соседството, додека десетици христијани, се собрале пред блиската болницата во знак на протест за нивната мала безбедност. 

Дел од светските медиуми пренесоа дека Исламската држава ја презела одговорноста за нападот. Истовремено пакистанската полиција негира дека Исламска држава има организирано присуство во земјата иако во изминатите неколку години оваа терористичка исламистичка организација презеде одговорност за неколку напади во провинцијата Балучистан.

Христијаните сочинуваат најмалку два проценти од 198 милионската полулација на Пакистан.  

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ